Шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц ја осуди заканата од Грција упатена до земјите учеснички на денешната конференција за Западен Балкан, посветена на запирање на бранот бегалци на балканската рута, пренесува „Танјуг“.
Заканите со вето на пристапувањето на земјите од Западен Балкан или против членките на Унијата во однос на субвенциите на Унијата, се крајно погрешни, рече австрискиот министер за надворешни работи.
Грчкиот министер за миграција Џенис Музалас вчера ги предупреди земјите-учеснички на Виенската конференција за Балканската рута дека Атина може да стави вето на одлуките на Европската унија, кои се однесуваат на нив.
Со некои држави ќе се најдеме во телата на ЕУ кога ќе се разговара за распределба на субвенциите за земјоделството или кога ќе треба да го поддржиме нивниот пристап во ЕУ, рече Музалас.
Предупредувањето се однесува на сите земји кои покажуваат голем антигрчки став и расистички се однесуваат кон мигрантите, рече тој.
Тој во изјава за грчките медиуми, посочи дека понатамошното приближување на земјите кандидати за членство во ЕУ може да биде блокиран.
Претходно, Грција испрати официјална протестна нота до Виена заради настанот, кој е посветен на бегалската криза и Балканската рута.
Грција го искажа своето незадоволство затоа што не учествува во оваа конференција, чии што одлуки можат, како што се вели во протестот, да имаат последици и за Грција и за нејзините граници.
Курц ја одбрани и работата на Австрија во бегалската криза, истакнувајќи дека официјална Виена е за европско решение, но додека тоа го нема, мора да се преземат национални и регионални мерки.
Според него,вите зборови потребна е промена на системот за намалување на бројот на бегалци.
До сега, Грција не беше подготвена да се намали бранот бегалци, рече тој и потсети дека Грција пред три недели, на состанокот во Амстердам, не покажала подготвеност за решение на сметка на Австрија.
Грција јасно стави до знаење дека не се заинтересирани за намалување на бранот на бегалци, туку дека сака да продолжи со пропуштање на мигранти, забележа Курц.
Министерството за внатрешни работи на Австрија одговори на критиките на Грција дека состанокот се одржува во веќе „зацврстена форма“ и дека присуството на претставниците на Атина не е предвидено.
Минатата година се одржа конференција за Западен Балкан во Виена, во ист формат, но на тема на борбата против тероризмот.