Од почетокот на турската воена операција во северна Сирија во средата во текот на борбите со арапско-курската воружена коалиција Сириски демократски сили (SDF) убиени се вкупно 262 турски војници и нивните сојузнички сили на сириската вооружена опозиција, објави во петокот телевизискиот канал Rudaw, близок на курдските сили, повикувајќи се на соопштение на SDF.
Според тврдењето на Сириските демократски сили, курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), кои се главната сила на арапско-курдската коалиција која изминатите години беше вооружувана и обучувана од САД, загубила во борбите 22 борци.
Истовремено во петокот попладнето турскот министерство за одбрана потврди дека во операцијата „Извор на мирот“ загинал уште еден турски војник. За загинувањето на првиот турски војник во Сирија, Анкара објави ноќта кон петокот.
„Наш војник на 11-ти октомври 2019 година загина во текот на судирот се терористите од PKK (Работничка партија на Курдистан) и YPG во областа на спроведување на операцијата ‘Извор на мирот’“, се наведува во турското соопштение.
Малку претходно во петокот, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека турските сили во операцијата „неутрализирале 342 терорости.
На 9-ти октомври Анкара го објави започнувањето на воената оперција „Извор на мирот“ во северните делови од соседна Сирија, кои започнаа со воздушни удари врз позициите на курдските сили. Целта е создавање тампон зона меѓу турската граница и териториите кои ги контролираат Курдите. Според најавата од Турција, речиси четирите милиони сириски бегалци на нејзина територија ќе се вратат на споменатите територии.
Официјалната сириска новинска агенција SANA го пренесе ставот на официјален Дамаск, според кој турската операција претставува агресија. Операцијата, исто така, ја осуди и голем дел од меѓународната заедница, вклучително и сојузниците на Турција во НАТО, чиј генерален секретар Јенс Столтенберг во петокот престојуваше во Истанбул и ја сподели „својата загриженост поради дестабилизацијата во регионот“, и ѝ порача на Анкара да „дејствува одмерено“.