КУРИР дознава: Законите за попис и ЈО влегуваат во “стенд-бај“, партиите почнуваат дијалог на овие теми

Собраниската Комисија за европски прашања денеска требаше да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2020 година, во прво читање.

Но, како што дознава КУРИР, расправата и гласањето за овој закон ќе бидат стопирани.

Како што дознаваме, неделава ќе бидат одржани средби меѓу работни групи на партиите на кои освен за овој закон, ќе се расправа и за законот за јавно обвинителство.

КУРИР дознава дека законите во собраниска процедура ќе бидат ставени на стенд-бај позиција и ќе чекаат евентуално постигнување на договор меѓу партиите на овие теми.

Претставници на партиите ќе му дадат шанса на дијалогот и ќе се обидат да дојдат до заедничко решение, а пратениците ќе почекаат за изјаснување на овие теми.