Се грижи ли ЦИВИЛ навистина за мигрантите или само за милионите евра кои ги зема за да плука по Македонија? ЦИВИЛ и Дерала работат против македонските интереси, на штета на Македонија и македонските граѓани. Ова се наведува во анализата што денес ја објави порталот „Курир“.
ЦИВИЛ – Центар за слобода и на темата за мигрантите ја води својата дрска кампања против Република Македонија. Овие луѓе немаат грижа за состојбата со мигрантите, туку само цел да ги нападнат македонските власти. Главниот лик на сите протести на СДСМ, Џабир Дерала кој е прв човек на ЦИВИЛ, зема огромни пари кои треба да ги заработи работејќи против земјата во која живее, пишува денес порталот „Курир“.
Тоа што последниве денови се случува на границата со Грција уште еднаш покажа дека институциите на Република Македонија имаат капацитет нашата земја да ја прикажат само во најлошо светло. ЦИВИЛ бара од властите веднаш да го променат својот однос кон бегалците и во целост да го почитуваат меѓународното право, пишува во соопштението на ЦИВИЛ.
Порталот нагласува дека ако намерите на овие луѓе беа искрени, тогаш би било добро барем да го прочитаат законот.
Така ќе знаеја дека полицијата и армијата работат исклучиво по законите. Дерала многу добро знае каков проблем може да се направи со бранот на имигранти и дека начинот на кој Македонија се справува со овој проблем е единствениот исправен. Но, податоците кои неодамна излегоа во јавноста, го даваат одговорот на прашањето: За што овие луѓе работат против македонската држава. Одговор: За многу пари, пишува „Курир“.
Порталот повикувајќи се на информациите што ги објави телевизијата Сител нагласува дека Дерала зема огромни пари од СОРОС, а во времето на СДСМ земал и државни пари и фигурира и во неколку невладини организации од македонското политичко подземје. Џабир Дерала, се разоткрива како еден од главните соросоиди кои за интересите на СДСМ се претставува како НВО сектор.
Дерала и неговата организација “Цивил“ за само 3 години од 2011 до 2014 пријавиле приход од дури 524,569 евра. Според економските експерти, за овој временски период ни поуспешните средни компании не заработуваат толку. Голем дел од граѓаните никогаш не слушнале за “Цивил“ и нејзините активности, но и покрај тоа оваа организација добивала грантови од Фондацијата Сорос, од останати меѓунарони донатори, но и од државата.Во 2005 кога кадар на СДСМ го водеше Советот за Радиодифузија, на Дерала и Цивил им бил одобрен проект вреден 27,000 евра за да снимаат филм. Филмот не ја видел светлината на денот, а во 2013 Советот поднесува и тужба против него, објави неодамна Сител.
Според извори од Советот за радиодифузија, поради нелогичниот договор кој го составил тогашниот претседател од СДСМ, судот проценил дека Дерала не треба да ги врати парите, туку 8 години откако ги земал треба да почне да го снима филмот. Покрај овие ангажмани. Дерала фигурира во невладините од македонското политичко подземје како „Ајде“ и во „Граѓаните за Македонија“. Неговата организација е една од постарите соросови организации во Македонија. Иако персоналот го сочинуваат четворица, се претставуваат дека се експерти за избори, медиуми, човекови права, филм, музика, европски интеграции и се останато за кое може да се добие грант од “политичкото подземје“, објави телевизијата.
„Курир“ потсетува на прилогот на Сител за скандалите со ЦИВИЛ и Дерала.
За крај, „Курир“ во анализата нагласува дека на Дерала и неговата екипа не им се важни мигрантите, не им е важна Македонија, не им е грижа за македонската полиција и Армија. Како што стои во анализата, на нивна сметка легнуваат милиони евра со работна задача да плукаат по Македонија. Овие луѓе работат против македонските интереси, на штета на Македонија и македонските граѓани.
По повод написите во дел од медиумите блиски до СОРОС се огласи и пратеникот Илија Димовски. Повеќе за ова на следниот линк.