„Курир“: Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите од Македонија

Сите српски медиуми вчера пренесуваа информации во коририст на СДСМ со манипулации, лаги и спинови. Во овие медиуми изостанаа вестите за најголемиот граѓански собир кој вчера се одржа во Македонија, а на кој присуствуваа над 60.000 лица, пишува „Курир“.

Порталот пресметал дека во своето известување РТС посветил 90 проценти на 30 пати помалкубројните протестанти од Сорос, а за собирот на ГДОМ беше кажана само една реченица во насока на тоа дека истиот се одржал без споменување на главното барање дека народот во Македонија бара одржување на избори.На ист начин информираа и српските Блиц, Нови магазин, српски Курир и уште 20 други медиуми.

Ваквото дефокусирање на јавноста со вакви техники за експертите за ПР е јасно дека се работи за оргнизиран пристап кој се изведува од лица и тоа координирано со што се изместува реалноста за македонските состојби, пишува „Курир“.

mediumi-rs-768x331mediumi-rs

Порталот потсетува дека претходно, медиумите пишуваа за блиска поврзаност на српската организација Канвас која нема симпатии кон нашата земја и работи против македонските интереси.

Вакви организации се наменети за рушење на влади со комбинација од пласирање на лажни вестаи, организирање на професионални демонстранти за судири со полиција и останати техники на насилство, саботажи и манипулации.

За лидерот на СДСМ Зоран Заев се пишуваше дека работи и со уште една српска агенција која работи на пласирање на дезинформации. Соросовата мрежа на Радио Слободна Европа, слика од собирот на ГДОМ ја претставува и потпишува како од митингот на СДСМ. Помош се добива и од Ал Џезира преку лажни вести низ Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. И во другите земји од регионот забележително е едностраното известување што е најголем доказ дека станува збор за оркестрирано и организирано сценарио. Јасно е дека Заев ова не може самиот да го организира, што уште еднаш укажува на фактот дека е добива помош од надворешен елемент.