Курсот на биткоинот падна за дополнителни 15 отсто

Курсот на најпопуларната виртуелната валута биткоинот поевтини во дијапазонот од 4 до 14 отсто, и го достигна нивото од 9.000 долари, покажуваат податоците од платформите за тргување со криптовалутите.

Според податоците на порталот CoinMarketCap во петокот во претпладневното тргување вредноста на биткоинот паднала за 14,5 отсто, на 8.690 илјади американски долари, на платфромата Bitfinex паднала 13,82 отто, на 8.790 долари, а на OKEx за 12,8 отсто, на 8.800 долари. Според податоците од Coindesk, биткоинот поевтинил за 4,46 отсто на 8.650 долари.

Остриот пад на курсот на биткоинот дојде во заднина на надворешните притисоци. Имено, во средата Facebook забрани рекламирање на биткоинот на оваа најголема социјална мрежа, на ICО односно процедурата на иницијално излистување, и бинарните опции. Социјалната мрежа ја објасни оваа нова политика како мерка против рекламите коишто „доведуваат во заблуда“.

Истовремено и владата на Индија најави намери за забрана за употреба на криптовалутата, бидејќи го смета за незаконско средство за палаќање. Челникот на тамошното министертво за финансии, Арун Џејтли, истакна дека властите сакаат активно да ја користат технологијата за блокчејн (blockchain) за развој на дигиталната економија.

Притисоците врз пазарот на критповалутите, исто така, влијаеше и на инвеститорите во Јужна Кореја, којашто е растечки и последниот период трет и најактивен светски пазар за виртуелните валути. Од вторникот во земјата стапија на сила новите прописи: сега за трговија со криптовалутите секој трговец мора да се идентификува преку банкарска сметка.

Пазарите во петокот, исто така, бележат пад и на вредностите и на другите дигитални валути. Ethereum загуби на цената 16,6 отсто, на 956,8 долари, Ripple падна за 25,42 отсто на 0,85 долара, а Bitcoin Cash поевтини за 20 отсто, на 1.180 долари, покажуваат податоците на CoinMarketCap.

Капитализацијата на пазарот на криптовалутите во моментов изнесува 429,72 милијади долари, а момент пред објавувањето на последните податоците изнесуваше речиси 511 милијарди долари. Притоа, уделот на биткоинот на овој пазар изнесува околу 35 отсто.

За аналитичарот на „Cypher Capital“, Ник Керл, поголемо количество новини, коишто се однесуваат на регулирањето на пазарот и употребата на криптовалутите, создава паника на пазарот.

„Кога станува збор за ризичните активи, кои губат на цената 50 отсто, тоа значи дека падот ќе продолжи. За жал, многу учесници на пазарот ќе изгорат, купувајќи биткоините надевајќи се дека ова е само привремено повлекување“, го цитира агенцијата Bloomberg директорот за трговија „Oand“, Стивен Инес.