Кутињо отпадна од бразилската селекција за мундијалот

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Филипе Кутињо ќе го пропушти претстојното Светско првенство во Катар поради повреда на тетивата, пренесуваат медиумите.

Кутињо се повредил на тренинг на Астон Вила, а според последните информации бразилскиот фудбалер го очекува пауза меѓу седум и десет седмици, поради што нема да игра на Светското првенство.

Кутињо сезонава одигра 13 натпревари за тимот до Бирмингем, каде на почетокот од годината дојде на позајмица од Барселона, а англискиот клуб во јуни го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.

Бразилецот претходно настапуваше за Васко да Гама, Баерн Минхен, Барселона, Ливерпул, Еспањол и милански Интер.

Светското првенство првпат во историјата ќе се одржува од 20-ти ноември до 18-ти декември во Катар, а Бразил е во групата со Србија, Швајцарија и Камерун.