Кувајт во вторникот најави дека ќе предложи нацрт-резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации за „заштита на палестинските цивили“ по насилствата во Појасот Газа, додека САД ја повали „израелската воздржаност“ против палестинското исламистичко движење Хамас.
Советот за безбедност при ОН се средба по најкрвавиот ден за Палестинците од војната во енклавата Појас Газа од зимата 2014 година. Во понеделникот на границата со Израел се убиени 60 луѓе, според податоците на палестинското министерство за здравство, во моментите додека САД свечено ја отвораше својата амбасада во Ерусалим со што го призна градот за престолнина на Државата Израел, чиј источен дел Палестинците го сакаат за главен град на нивната идна држава.
„Терористичката организација Хамас со години поттикнува насилство, многу пред САД да одлучат да ја преселат својата амбасада. Ниедна земја во овој Совет не би постапила повоздржано од Израел“, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
Палестинскиот амбасадор Ријад Мансур рече дека израелската „окупација е главна причина на насилство во регионот“. Го повика Советот за безбедност на светската организација „веднаш да дејствува како да се запре масакрот врз палестинскиот народ“.
Израел тврди дека постапува во самоодбрана за да ги заштити своите граници и заедниците и за сите безредија го обвинува Хамас.
Кувајтскиот амбасадор Манур ал-Отаиби за новинарите пред состанокот изјави дека веројатно во среда ќе ја изнесе нацрт-резолуцијата за споменатото насилство. Додаде дека не знае кога за неа би се гласало. Истакна дека Израел како окупаторска сила мора според Женевската конвенција мора да осигури заштита на палестинските цивили, но тоа не го сторил, па сака Советот за безбедност да стори нешто по ова прашање.
САД најверојатно ќе вложат вето на каква и да е одлука во Советот за безбедност на ОН, сметаат дипломатите во Њујорк. САД во понеделникот ја блокираа изјавата на Советот за безбедност која ја подготви Кувајт, а којашто изразуваше „шок и тага поради убиствата на палестинските цивили“ и повикуваше на независна и транспарента истрага, соопштија дипломатите.
Ал-Отаиби рече дека нацртот на резолуцијата сака “да осигури меѓународна заштита за цивилите“, но и додаде дека „сѐ уште не се разговара за мировна мисија“.
Пратеникот на ОН за Блискиот исток, бугарскиот дипломат Николај Младенов, го извести во вторникот Советот за безбедност при ОН за насилството во Појасот Газа. Рече дека за убиствата „нема оправдување“ и дека „Израел има должност да осигури примена на употребата на сила“. Рече, исто така, дека Хамас „не смее да ги користи протестите како можност за поставување бомби кај оградата (меѓу Појасот Газа и Израел – з.р.) и провокации“ со подметнување на своите оперативци меѓу демонстрантите.