Зголемувањето на минималната плата, автоматски значи дека ќе се зголемуваат сите плати, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Кузеска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ неразумно е против 27.000 наставници и го блокира покачувањето на нивните плати.
„Денеска во собранието јавноста имаше можност да види блокада на предлог-закон кој предвидува зголемување на платите на 27.000 наставници и за трансформација на работниот однос во определено време за 4.700 наставници и стручни соработници, кои со години треперат за своето работно место“, истакна Кузеска,
Додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат измените уште од 14. април 2021 година.
Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ не може да биде поголем, видовме слика каде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ носат маици со Гоце Делчев, носат маици на даскал, а блокираат закон кој предвидува зголемување на плати на наставен кадар, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.