Кузеска: Во моментов не се потребни предвремени избори

Во овој момент не се потребни предвремени парламентарни избори во државава, а стабилно е и парламентарното мнозинство, изјави вечерва портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

-Она што ќе следува е реизбор на владата, но нема потреба од предвремени парламентарни избори, бидејќи парламентарното мнозинство е стабилно, изјави Кузеска пред најавената прес конференција во СДСМ во 21 часот, кога партијата ќе ги соопшти резултатите од денешниот избор на нов лидер на СДСМ.