Репрезентацијата на Хрватска славеше над Германија со 30:24 во последниот натпревар од втората фаза на Европското првенство.
Ова за двете селекции беше дуел кој немаше значање со оглед на тоа што Хрватите одамна ги загубија шансите за место во завршницата, додека пак Германците официјално се најдоа во полуфиналето по резултатите на претходните два денешни натпревари.
Првиот дел им припадна на избраниците на Гисласон со 14:13, но вторите 30 минути беа комплетно во знакот на гостите кои со 17:10 го свртеа резултатот и на крајот остварија и убедлиив триумф со кој се одјавија од 16. ЕП.
Фантастичен беше голманот Кузмановиќ кој забележа 22 интервенции, Карачиќ пак со 6 реализации ја предводеше листата на стрелци.
Германија во полуфиналето за ривал ќе ја има Данска, другиот пак е Франција-Шведска.