Кузмановска: СДСМ ќе ги задолжи граѓаните за нови 60 милиони евра

Економијата оди надоле, долговите растат, а владата Владата ќе ги задолжи граѓаните со нови 60 милиони евра, со што долгот на земјата за малку повеќе од три месеца ќе се искачи на 410 милиони евра, потенцираше во вторникот Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Утре е вторник, и владата на СДС ќе ја задолжи државата за нови 60 милиони со што бројката од 350 милиони ќе се искачи на 410 милиони евра долг креиран за 110 дена владеење“, посочи Кузмвска.

Истакна дека од ваквите задолжувања граѓаните немаат никаква полза, а ниту знаат каде завршуваат тие пари. гледаат никаков бенефит ниту знаат каде тие завршуваат.

„СДС ја задолжуваат државата над 410 милиони евра, а во меѓувреме се стопираат изградби на автопати, градинки, факултети. Нема изградба на водоводи, училишта, патишта, студентски домови. СДС безмилосно ги троши парите на граѓаните на Република Македонија, а нема реализирано или започнато со реализација ниту еден проект. Очигледно е дека СДС својата неспособност и расипништво ги покрива со безмилосно трошење на народните пари“, додаде.

Кузмановска запраша каде се слеваат овие пари, кога е познато дека развојни проекти се стопирани.

„Дали овие пари ќе се употребат за корумпирање на гласачи во пресрет на локалните избори? СДС ќе одговара за поигрувањето со народните пари и катастрофалното управување со економијата. На 15-ти октомври граѓаните ќе стават крај на ова расипничко владеење, посочи Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.