Претседавачот со ОБСЕ Мирослав Лајчак изјави дека БиХ мора да го задржи принципот еден народ да не може да биде надгласан и исфрлен од игра, затоа што тоа би било опасно за земјата.
– Ако се сака да се зачува БиХ, еден народ не може да биде надгласан и исфрлен од игра, рече Лајчак.
Тој нагласи дека поминало времето кога одлуките, наместо политичарите на БиХ, ги носела меѓународната заедница и истакна дека целта не е продолжување на некој меѓународен протекторат, туку помош со цел БиХ да стане целосно самостојна.
Министерот за надворешни работи на Словачка за „Вечерњи лист“ изјави дека на овие подрачја е постигнат успех кога САД и ЕУ нашле заеднички јазик и настапиле координирано.