Лајчак објави дека е постигнат договор за деескалација на кризата меѓу Белград и Приштина

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, објави во четвртокот дека по дводневните интензивни преговори е постигнат договор за деескалација на кризата меѓу Србија и нејзината еднострано отцепена поранешна јужна покраина Косово и Метохија, како и за натамошни чекори во решавањето на кризата на северот од областа.

„Имаме договор. По два дена интензивни преговоди, договорот за деескалација и натамошните чекори штотуку е постигнат. Им благодарам на Бесник Бислими и на Петар Петковиќ на подготвеноста да преговараат и да се договорат во полза на граѓаните“, објави Лајчак на Twitter со текстод од договорот во три точки.

Со првата точка е договорено на 2-ри октомври од административните премини Јариње и Брњак истовремено да започне повлекувањето на специјалните полициски сили на властите во Приштина ROSU и на барикадите на српското население кое е доминатно во овој дел, што би требало да заврши рано попладнето истиот ден. Меѓународната мисија КФОР своите сили ќе ги распореди на административните премини пред повлекувањето на косовската полиција и барикадите и таму ќе остане следните две седмици.

Договорено е и од 4-ти октомври да започне примената на режимот на налепници за регитерските таблични, како привремена мерка додека не дојде до конечно решение. Како третаа точка од договорот се предвидува формирње работна група, коај ќе ја преставуваат претствнции на Брисел, Белград и Приштина, а која ќе работи на изнаоѓање трајно решение за регистерските таблички на возилата според стандардите и праксата на ЕУ.

Правата средба на работната група е закажана за 21-ви октомври во Брисел, а првите резултати ќе бидат претставени по шест месеци на состанокот на дијалогот меѓу Белград и Приштина на високо политичко ниво.

Кризата ја предизвика ја примената на уредбата на албанските власти во Приштина за одземање и ставање на привремени регистерски таблички со косовски ознаки на возилата кои доаѓаат од Србија, од договор од 2011 година кој е продолжен во 2016 година а истече пред десетина дена. Но уште повеќе кризата доби драматични размери затоа што непризнаетите власти на северот на Косово населен доминантно со Срби испратија неколку стотици тешко воружени припадници од паравоената специјална единица ROSU по што локалното население ги блокираше двата административни премина кон Србија, а Белград од своја страна ги засили воените и жандармериски сили на административната граница и ги стави во целосна подготвеност.