Со блокирањето на пристапните преговори на Македонија и Албанија со Европската Унија францускиот претседател Емануел Макрон на Русија и ја отвори вратата на Западен Балкан, порача од Берлин претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Како што денеска објави британскиот весник „Експрес“ Фон дер Лајен во говорот по повод одбележувањето на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид истакна дека се што Европа побарала Македонија и Албанија исполниле.
– Сега треба да го одржиме ветувањето и да отпочнеме преговори за пристапување – вели Фон дер Лајен.
Таа додаде дека ако ЕУ не ја отвори перспективата за земјите од Западен Балкан, други ќе ја пополнат празнината, како Кина, Русија, Турција или Саудиска Арабија.
Таа ги повика европските лидери веднаш да ги почнат пристапните преговори со двете земји, во спортивно, како што рече „Русија и Кина можат да ја пополнат празнината доколку Унијата не го зацврсти своето присуство во регионот“.
На неодамнешниот состанок во Европскиот совет Макрон беше единствениот европски лидер што ги блокираше преговорите со Македонија и со Албанија. Тој успеа да ги убеди Холандија и Данска да се спротивстават на отпочнувањето преговори со Албанија.