Европска комисија денеска ја уплати првата рата од три милијарди евра од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра за Украина, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Таа истакна дека тоа е прва транша од предвидените 18 милијарди евра помош за Украина за 2023 година.
Тоа ќе ја зајакне финансиската стабилност на Украина, помош за исплата на плати и пензии и да обезбеди работа на болниците, училиштата и станбени услуги, истакна Лајен во говорот на Светскиот економски форум во Давос.
Таа додаде дека ЕУ ги воведе „најсилните санкции досега, поради што руската економија се соочува со деценија на регресија, а нејзината индустрија нема никаква модерна и критична технологија“.
Нема да има неказнивост за руските злосторства. И нема да има прекин во нашата непоколеблива поддршка за Украина, од помагање за обновување на струјата, топлината и водата, до подготовката за долгорочни напори за реконструкција“, рече Фон дер Лајен.
Предвидено е идните исплати на Украина ќе изнесуваат 1,5 милијарди евра месечно, почнувајќи од март, и ќе бидат условени со задоволителен напредок кон спроведувањето на договорените реформски услови.
За да ги финансира овие заеми, ЕК се задолжува од пазарите на капитал во рамките на својот единствен пристап за финансирање.