Членот на американската професионална фудбалска лига МЛС, Лос Анџелес Галакси го раскина во петокот договор со српскиот играч од средниот ред Александа Катаи, а причина е „серијата расистички и насилнички објави на неговата сопруга преку социјалните мрежи“.
Теа Катаи на својот Instagram профил во вторникот објавила порака на српски јазик во којашто демонстантите од двиќењето „Црните животи важат“ ги нарече „одвратна стока“ и повикува а насилна пресметка со нив. Оваа порака подоцна е избришана, но клубот од Лос Анџелес реагираше со раскинување на договорот со нејзиниот сопруг, иако тој во долг пост се извини за овие пораки.
Поранешниот 29-годишне играч на белградска Црвена ѕвезда дека тие ставови не се „споделуваат во неговото семејство“, како и дека се противи на супремацијата и насилството кон обоените заедници, како и дека ја презема целата одговорноста за објавата на сопругата. Притоа изразува жалење за предизвиканата болка кај борците против расизмот и сите семејства поврзан со ЛА Галакси.
„Силно ги осудуваме пораките на Теа Катаи и поради тоа одлучивме договорно да го раскинеме договорот со Александар Катаи. ЛА Галакси ги почитува обоените заедници, особено црната заедница, во протестите со кои се борат против системскиот расизам, социјалната нееднаквост, нетрпеливоста и насилствата“, објави клубот.
Катаи импресивно ја започна својата кариер во дресот на Чикаго каде дојде од шпански Алавес, постигнувајќи 12 погодоци во првата сезина пред две години, но следната затаи поради што ланскиот 31-ви декември како слободен агент мина во редовите на ЛА Галакси.
Катаи ги одигра првите две првенствени кола за ЛА Галакси сезонава пред прекинот поради епидемијата од коронавирусот, и се очекуваше да стане клучен дел од нивниот напад заедно со Хавиер Чичарито Ернандез и Кристијан Павон.