Ла Лига: Атлетико и Барса со пресврти до бодовите

Во последната неделна средба од 13-то колона шпанското фудбалско првенство Атлетико Мадрид пред своите наввачио го совлада Виљареал со 3:1.

Ова е седмата победа на Атлетико во последните осум кола, додека Виљареал го впиша вориот пораз во низа, останувајќи само на една победа во последните осум кола. Атлетико така се зацврсти на четвртата позиција со 28 бодови, додека Виљареал е 14-ти со 12 бодови.

„Жолтата подморница“ поведе во 20 минута со голот на Жерар Морено, но во последните минути од првото полувреме израмни Аксел Витсел. Гостите до самиот финиш одржуваа реми, но во последните десет минути Атлетико го скрши нивниот отпор со два погодока. Во 80 минута Антоан Гризман со својот осми гол сезонава им донесе предност на „Јорганџиите“, а поведата ја потврди Самиел Лино пет минути подоцна.

Интерсно беше и на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“, каде што Севиња и Реал Бетис го играа големото градско дерби ое заврши без победник 1:1. Подобрата игра Бети ја круниса со водство во 72 минута, а стрелец беше Ајоза Перез. Но, седум минути подоцна домашните израмнија со одличниот погодок на Иван Ракитиќ кој неодбранливо стрелаше од повеќе од 20 метри.

Бетис остана на седмата позиција сега со 21 бод, додека Атлетико се зацврсти на четвртата со 28 бодови.

Во претхоно одиграниот натпревар Барселона со пресврт го победи Депортиво Алавес со 2:1, откако гостите поведоа уште во 18 секунда од натпреварот. Илкај Гундоган ја захуби топката на центарот од гралиштето по што следеше брз напад на гостите кој го реализираше Саму Омородион.

Ова е најбрзиот гол на Алавес во историјата на неговите настапи во Пример, но рекордот на лигата сѐ уште е ках Хозебо Љоренте кој во јануари 2008 година за Реал Ваљадолид против Еспањол погоди по само 7,22 секунди игра.

Барселона успеа да израмни во 53 минута, Жил Кунде нафрли во шеснаесетникот, каде што топката ја пречека Роберт Левандовси и убаво со глава ја смести во противничката мрежа. Барса го направи пресвртот со вториот гол на Полјакот кој реализираше пенал во 78 минута.

Алавес остана на 15-то место со 12 бодови. На врвот на табелата е најголемото изненадување сезонава Жирона со 34 бодови и само еден пораз. По еден поразно со повеќе ремија ја следат Реал Мадрид со 32 и Барселона со 30 бодови.