Моментално водечкиот тим во шпанското фудбалско првенство Барселона со 1:0 го совлада Атлетико Мадрид на својот „Камп Ноу“ во дуелот од 30-то коло, и сега на осум кола до крајот на шампионатот има единаесет бодови предност пред Реал Мадрид.
По бројните шанси и полушанси создадени пред двата гола, Каталонците дојдоа во водство непосредно пред заминувањето на одмор, кога на топката што ја нафрли Рафиња налета Феран Торес и го измами Јан Облак.
Во вториот дел продолжи темпото од првото полувреме, со тоа што Рафиња и Роберт Левандовски имаа две неверојатни промашувања со кои можеа предвреме да го решат дуелот. На спротивната страна опасно се закануваше Атлетико, но неговите напаѓачи не успеаја да поентираат од неколкуте изгледни шанси.
За Барса ова е првата победа по двете ремија и едниот пораз во кои не постигна погодок, а за Атлетико е првиот пораз по 13 кола и последниот по шесте победи во низа.
Барселона има 76 бодови, пред Реал Мадрид со 65, а Атлетико е трет со 60 бодови, шест повеќе од четвртиот Реал Сосиедад.
Во последниот натпревар во неделната програма во Ла Лига Севилја со 2:1 на домашен терен го совлада Вилјареал, а победничкиот погодок во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот го постигна Мароканецот Јусеф Ен Несри. Севилја повреде преку Рафа Мир во 14 а израмни Пау Торес во 57 минута.
Вилјареал остана на 47 бодови и на шестата позиција на табелата, која води следната година во Конференциската лига, а Севилја сега скокна на 12-то место со 38 бодови, осум повеќе од опасната зона на испаѓањ