Спорт

Ла Лига Еспањол минимално против Хетафе

Еспањол минимално против Хетафе

Во последниот меч од 13-то коло од шпанското фудбалско првенство во понеделникот вечерта Еспањол пред своите навивачи со 1:0 (0:0) славеше против Хетафе.

Погодокот кој го донесе целиот плен за каталонскиот клуб го постигна Морено во 55 минута.

Со оваа победа Еспањол бодовно се изедначи со Хетафе, и двата клуба сега имаат по 16 бодови и се на 12-то и 13-ти место на табелата.

На врвот и натаму е Барселона со 34 бодови која во неделата ремизираше но беше и оштетена за регуларен гол на гостувањето кај второпласираната Валенсија која има четири бодови помалку. Мадридските ривали Атлетико и Реал се на третата и четвртата позиција со по 27 бодови.