Ла Лига: Пресврт на Реал за преземање на врвот, Винисиус „поцрвене“ по ударот на Димитриевски

Во одложениот натпревар од 12. коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид на „Местаља“ ја победи Валенсија со 2:1 пред 46.420 гледачи.

Натпреварот меѓу „Лилјаците“ и „Кралскиот клуб“ требаше да се одигра на 2-ри ноември, но беше одложен поради катастрофалните поплави и врнежите што ја зафатија југоисточна Шпанија, при што загинаа најмалку 51 лице. Валенсија беше меѓу најпогодените места.

Домашните поведоа во 27. минута со голот на Уго Дура, израмни Лука Модриќ во 85. минута, само пет минути по влегувањето во игра, а Џуд Белингем му донесе победа на Реал во шестата минута од судиското надополнување. Англичанецот така се извади за промашениот пенал во 55. минута. Во дадеме дека во 79. минута Реал остана со играч помалку откако Винисиус Жуниор беше исклучен поради удирање на македонскиот репрезентатвен голман Столе Димитриевски

Домашните добро го започнаа натпреварот и во првите 15 минути опасно се заканија на „краљевсклубот“ Уго Дуро и Димитри Фулкие. Подобра партија круниса Валенсија со голот на Уго Дура во 27. минута. Реал притисна на крајот од полувремето, но не успеа да израмни. Најблиску до израмнување гостите во првото полувреме во 44. минута. Себаљос испрати одлична топка до Винисиус, кој шутираше, но Димитриевски убаво одбрани.

Во 55. минута гостите имаа одлична шанса да израмнат од пенал досуден по ударот на Сезар Тарего врз Килан Мбапе. Судијата Сезар Сото покажа на белата точка и покрај протестите на домашните. Џуд Белингем шутираше, но тоа го направи многу лошо погодувајќи ја стативата. Само пет минути подоцна Реал постигна гол, но голот на Мбапе беше поништен поради офсајд ситуација.

Во 79. минута Реал остана со играч помалку откако Винисиус Жуниор го удри Димитриевски заработувајќи црвен картон. Минута подоцна за Реал во игра влезе Модриќ, кој по само пет минути со прекрасен удар по асистенцијата на Белингем успеа да израмни. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, Белингем им донесе победа на гостите во шестата минута од судиското надополнување. Во последните моменти од натпреварот домаќинот беше на милиметар од израмнување, но Риоха ја погоди стативата.

Со овој резултат Реал се најде на врвот на табелата со 43 бодови, два повеќе од Атлетико Мадрид, додека Барселона е трета со 38 бодови.

Валенсија остана во зоната за испаѓање на 19-то место со 12 бода.