Порталот Лајм прес пренесува изјава на член на кумановската група, Фатмир Речица Лугаџија, и нивни адвокат според кои наскоро убијците на 8 македонски полициајци кај Диво Насеље ќе бидат пуштени на слобода.
„Денеска добив убава вест за сите нас, од кумановската група. Веројатно се ближи нашето ослободување.
По долго време се чини дека убави вести пристигнуваат до нас, членовите на кумановската група. Се чини дека судската седница ќе биде закажана многу брзо во Врховниот суд за групата од Куманов. Случајот се очекува да биде отворен во трет степен по жалбата што ја поднесоа адвокатите на одбраната, незадоволни од драконските казни наметнати за сите нас наметнати на сите нас членови на групата во прв степен и втор степен.
Убеден сум дека Основниот суд најверојатно ќе го врати предметот на повторно судење на првостепено ниво, бидејќи многу пропусти беа направени прв пат, бидејќи во најголем дел процесот се одвиваше под притисок на политиката на претходната влада.
Според мое мислење, сега кога двата главни столба на претходната влада се ослабени, ВМРО-ДПМНЕ се разбива и се очекува политиката да остане што подалеку од случајот, правдата ќе дојде до израз”, се надева членот на групата во која има осудени на доживотни затворски казни.
Ако случајот се врати на повторно судење во прв степен, тогаш членовите на групата Куманово, мора да бидат ослободени, и да се бранат од слобода, бидејќи поминале повеќе од 2 години односно 29 цели месеци во притвор, изјавил адвокатот Ибрахим Бајрами пренесува Лајмпрес.
Претходно и лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека има договор со Заев за враќање на предметот на простепено разгледување, иако апелација ги потврди казните.