Лајпциг го намали заостанувањето зад Баерн, Борусија М ја демолираше Арминија

Фудбалерите на РБ Лајпциг и на Борусија Менхегладбах остварија победи во последните натпревари во неделата од 31-то коло од германското првенство.

Лајпциг дома го совлада Штутгарт со 2:0, додека Борусија, исто така, на домашен терен со 5:0 ја порази Арминија.

Во делот во Лајпциг клучниот момент се чини се случи во 14 минута кога госите останаа со играч помалку откако беше исклучен Нууиру Ахамд. Францускиот играч од средниот ред „поцрвене“ поради извонредно остар прекршок над Амаду Хајдара. Арбитарот Дениз Ајтекин први му покажа жолт картон, но по прегледување на снимката ја смени својата одлука.

РБ Лајпциг бројната предност ја ефектуираше во 46 минута, а водечкиот погодок го постигна токму Хајдара, а победата ја потврди преку реализираниот пенал во 67 минута на Емил Форсберг.

РБ Лајпциг се чини ја обезбеди втората позиција и ја искористи саботниот пораз на Баерн кај Мајнц, но Баварците три кола пред крајот имаа големи седум бодови предност. Со четвртиот последователен пораз Штутгарт останува на 10-то место со 39 бодови.

Борусија Менхенгладбах имаше расположени стрелци против Арминија чија мрежа ја погодија Бреел Емболо во 6 и 69, Маркус Турам во 15, Рами Бенсабаини во 18 од пенал и Алесане Плеа во 84 минута.

Бурусија Менхенгалдбах сега со 46 бодови напредуваше до седмиото место, девет бодови помалку зад истоимениот клуб од Дортмунд кој го држи последното место кое води директно во Лига Европа. Армина е моментално 15-та со 30 бодови, бод повеќе од 16-от Келн кој е на позицијата од која се игра плјоф за опстанок, и четири повеќе од Херта на 17-то место но која има и два меча помалку.