Младиот, само 32-годишен германски тренер Јулијан Негелсман, кој по одличната работа во Хофенхајм лани мина во РБ Лајпциг со кој ниже успеси, во саботата петтото коло од германското фудбалско првенство со 3:0 на гости го победи Вердер и се врати на чело на Бундеслигата.
Првите два гола Лајпциг ги постигна од прекин. Во 13 минута по корнерот Вили Орбан погоди со глава, а во 35-та Марсел Забитцер од слободен удар од 20 метри го удвои водството. Иако гостите во 64 минута останаа со играч помалку откако Конрад Ламиер го доби вториот жолт картон, тоа воопшто не им помогна на домашните, кои до крајот на средбата примија уште еден гол, во 83 минута преку Марсело Сараки. Лајпциг е прв со 13 бодови, а Вердер со поразот привремено е на десеттото место со 6 бодови.
Актуелниот шампион минхенски Баерн со 4:0 го победи Келн. Роберт Левандовски донесе рабо водство во 3 минита за баварците, а во истата минута од второто полувреме го удвои водството и веќе стааса до 9 погодоци во првите пет кола. Обидите на Келн целосно исчезнаа во 59 минута кога беше исклучен Кингзли Егизибуе, а три минути подоцна Фелипе Кутињо погоди од пенал, а во 73 минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот Иван Пашалиќ ги постави конечните 4:0. Баерн моментално е втор на табелата со 11 бодови, Келн остана на три бода на 16-то место.
Херта со 2:1 славеше дома против Падербон. Стрелци за домашните беа Хаварио Дилросун во 10 и Мариус Волф во 52 минута, а две минути подоцна Бен Золински го намали водството на домашните. Херта привремено избегна од опасната зона и е 15-та со четири бодови, а Падерборн со само едно реми досега е последен 18-ти со еден бод.
Баер Леверкузен беше сигурен во дуелот со Унион Берлин. Домашните мечот го решија за пет минути, прво во 20 минута стрелец беше Кевин Воланд а во 25-та стрелаше Лукас Аларио. Баер во моментов е петти со 10 бодови, колку што има и четвртиот Шалке кој во петокот со 2:1 го совлада Мајнц кој е 17-ти со три бода, бод помалку од сега 14-от Унион Берлин.
Фрајбург пред своите навивачи не успеа да направи исчекор и да го потврди добриот стар на сезоната, откако одигра 1:1 со Аугсбург. Домашните поведоа со голот на Лукас Халер во 23 минута, а гостите израмнија преку Флориан Бидерлехнер во 39 минута. Фрајбург, така, остана трет на табелта со 10 бодови, а Аугсбург е 11-ти со пет бодови.
Во недела се играат дуелите Борусија Менхенгалдбах – Фортуна и Ајнтрахт – Борусија Дортмунд, а колото во понеделник го заокружуваат Волфсбург и Хофенхајм.