Во последниот меч од 29-то коло на германската Бундеслига, РБ Лајпциг со 4:2 славеше на гостувањето кај Клен, со што повторно се врати на третата позиција на првенствената табела.
Поведоа домаќинитево 7 минута со голот на Џон Кордона, но во 20 минута израмни Патрик Шик. Лајпциг веќе во 38 минута го презема водството преку Кростофер Нкунку а водството на гостите беше на „плус два“ во 50 минута кога погоди Тимо Вернер, на асистенција на неговиот голман Петер Гулачи,
Во 55 минути Келн ги врати надежите откако Антони Модесте, но две минути подоцна 18-годишниот шпански играч од средината донаодамнше играч на загрепски Динамо, Дани Олмо го постигна својот прв погодок во Бундеслигата во дресот на РБ Лајпциг.
Погодокот на Вернер беше 15-от сезонава постигнат на гостински терени, и според овој показател е водечкиот стрелец во германскиот шампионат. Вкупно 24-годишниот напаѓач досега постигна 25 погодоци на 29 натпревари, со што е втор на листата на стрелците зад полскиот напаѓач на минхенски Баерн, Роберт Левандовски кој постигна 29 гола на 27 меча.
РБ Лајпциг се врати на третото место со 58 бодови, два помалку од второпласираната Борусија Дортмунд и два повеќе од четвртата Борусија Менхенгладбах и петтиот Беарн Леверкузен, а на чело е Барн со 67 бодови. Келн ја продолжи серијата лоши резултати и по 15-от доживеан пораз е на 11-то место со 34 бодови, седум повеќе од опасната зона.