Лацио ја продолжи рекордната серија од 11 победи во Серија А

EPA/ETTORE FERRARI

Фудбалерита на Лацио ја продолжија во саботата својата рекодна серија во италијанското провенство на 11 последователни победи, со супериорната победа од 5:1 на свој терен против Сампродија во рамките на 20-то коло на Серија А.

Во високата победа на римскиот стадион „Олимпико“ најмногу придонесе хет-трикот на Чиро Имобиле, кој погоди во 17, 20 и 65 минута а првиот и третиот гол го постигна од „белата точка“. За Лацио погодина и Фелипе Клајседо во 7 и Баштуш во 54 минута. За гостите од Џенова голот го постигна Карол Линети во 70 минута, а четири минути подоцна од игра без исклучен Јулијан Шабо.

Имобиле веќе постигна 23 погодоци во 19-те првенствени натпревари кои ги одигра досега сезонава и натаму е на листата на стрелците во Серија А, со дури девет погодици повеќе од Ромелу Лукаку од Интер и Кристијано Роналдо од Јувентус.

Годинешната победничка низа на Лацио е рекордна во клупската историја кога станува збор за настапите во Серија А, а рекордот беше надминат минатото коло по побадата од 1:0 над Наполи.

„Небесносините“ со денешниот триумф имаат 45 бодови, и се на третото место на табелата со еден бод помалку од второпласираниот Интер и три помалки од водечкиот Јувентус, Сампдорија со 19 бодови, пак, е привремено на 16-то место, едно над местата кои водат во понизок ранг.