Лагард: Влијанието на епидемијата врз економијата слично на финансиската криза од 2008 година

Претседателката на Европска централна банка, Кристин Лагард ги предупреди европските лидери дека влијанието на новиот коронавирус врз економијата може да биде ист како финансиската криза во 2008 година.

Според извори од кабинетот на Лагард, претседателката одржала состанок со европските лидери, на кој ги известила дека мора брзо да реагираат на новата ситуација, јави Блумберг.

Банката на Англија денеска направи неочекуван потег, со тоа што ја намали референтната каматна стапка за половина процент, од 0.75 на 0.25 отсто, што претставува најрадикално намалување од март 2009 година.