Лајпциг без проблеми кај Хановер

Во првиот натпревар од 20-то коло на германското фудбалско првенство, РБ Лајпциг како гостин го совлада Хановер 96 со 3:0 (1:0).

Гостите во водство ги донесе Марсел Халштенберг од пенал во третата минута од судиското продолжение. Победата ја потврди во второто полувреме капитенот Вили Орбан со два погодока, во 64 и 85 минута.

Четвртиот РБ Лајпциг сега има 37 бодови, два помалки од третата Борусија Менхенгладбах, додека Хановер и со новиот тренер Томас Дол останува претпоследен 17-ти со само 11 бодови, колку што има и последниот Нирнберг, три бода помалку од местата кои обезбедуваат опстанок.

На врвот е Борусија Дортмунд со 48 бодови, а актуелниот шампион минхенски Баерн е втор со 42 бода.