Клучот за големиот успех, пласманот во полуфиналната рунда, капитенот на Германија, Филип Лам го лоцираше во фактот дека Германија прва постигнала погодок во четвртфиналната пресметка против незгодниот тим на Франција.
„Клучно беше што погодивме први. На вакви важни натпревари, решава еден момент, а селекцијата која прва ќе постигне гол има огромна и психолошка, но и тактичка предност во однос на противникот. Мора да напоменам дека и селекцијата на Франција одигра одличен натпревар, а условите за игра на „Маракана“ беа многу тешки. Жештината беше уште еден голем ривал и за нас и за Французите. Среќен сум за Матс Хумелс, тој се опорави од настинката, влезе во составот и го реши натпреварот. И се надевам дека нашиот мундијалски пат нема да биде до полуфиналето, туку дека ќе играме во големото финале, во борба за големиот трофеј“, изјави дефанзивецот на Баерн (М).