Ламар Одом е во критична состојба – лекарите се борат за неговиот живот

Ламар Одом претерал со дрогата - во моментов лекарите се борат за неговиот живот

Одом, кој својата слава ја стекна преку одличните игри во ЛА Лејкерс, очигледно претерал со дрога во бордел во Невада, а според одредени информации, тој со денови се забавувал со присутните девојки.

Една од нив го пронашла во бессвесна состојба. Одом лежел на подот, крварел од носот и имал пена на усните.

Во моментов дише преку апарати, има сериозни оштетувања на бубрезите и белите дробови, а лекарите се уште се борат за неговиот живот.

Тој и во минатото неколку пати беше тема во јавноста поради конзумирање на алкохол и дроги, а поради овие зависности се разведе и од Клои Кардашијан, една од сестрите Кардашијан, кои се познати и по своето реално шоу.

Како што пренесуваат медиумите во САД, Клои и Ким Кардашиан, како и Крис Џенер веќе се во болницата покрај Одом.

Во 2011 година, Ламар Одом беше прогласен за најдобар шести играч во НБА – лигата. Тој играше за ЛА клиперс, Мајами, ЛА лејкерс, Далас, а на крајот од кариерата го облече и дресот на Лаборал Куча во Шпанија.