Ламерт: Германија изврши геноцид во Намибија

Ламерт: Германија изврши геноцид во Намибија

Германија изврши геноцид во Намибија, изјави претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт.

Во напис, објавен во неделникот „Цајт“, Ламерт ја употреби таа квалификација за масовното убивање на претставници на националностите хереро и нама во јужноафриканската земја од германската императорска армија пред еден век.

– Од гледна точка на сегашните правила на меѓународното право, задушувањето на бунтот беше геноцид, пишува претседателот на Долниот дом на германскиот Парламент, кој е почитувана фигура во Христијанска-демократската унија на Ангела Меркел.

Тој потсети дека десетици илјади претставници на двете националности станале жртва на германската колонизација во периодот 1884-1915, како резултат не само на вооружени дејствија, туку и на лишување од храна и вода, како и во концетрациони логори.

Во 2011 година Германија на Намибија и врати черепи на борци од народот хереро. Тие пред еден век биле земени во Берлин за истражувања, кои тогаш сакале да докажат супериорност на белата раса над црната.