![Frenk lampard trener](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/Frenk-lampard-trener.jpg?resize=663%2C400&ssl=1)
Тренерот на Челси, Френк Лампард, по победатат над Тотенхем (2:0) во натпреварот од 18. коло на Премиер лигата рече дека неговиот тим има квалитет да игра со најсилните тимови.
– Оваа победа многу ми значи, и мене и во клубот и на навивачите. Тие дојдоа да не поддржат по серија неуспеси. Знаат дека сме млад тим и што се обидуваме да го постигнеме. Моите играчи покажаа дека можат да се борат и да играат против врвни екипи. Не е лесно да се победи Тотенхем. Имаме причина да славиме. Не сме премногу возбудени, но задоволни сме од играта, потенцира Лампард.
По 18 кола Челзи е на 4.место во Англиското фудбалско првенство со 32 бода. Пред него се Манчестер сити со 38, Лестер со 39 и Ливерпул со 49 и натпревар помалку.