На денешната седница на Комисијата за буџет и финансирање, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска посочи дека Охрид е единствениот регион во државата со кој што имаме членство во УНЕСКО, односно сме дел од УНЕСКО.
Пред повеќе од година дена имавме надзорна расправа од Комисијата за култура за зачувување на Охрид и охридскиот регион. А, веднаш после тоа за многу кратко време ни стигна информацијата дека е загрозено членството на Охрид во УНЕСКО. Имено на таа надзорна расправа беше присутен меѓу претставниците на министерствата, беше присутен и градоначалникот на Охрид. Каде што човекот зеде збор и кажа дека Општината нема средства и замоли и од пратениците и од министерот за транспорт и врски да помогнеме со финансиски средства за изработување на детални урбанистички планови, истакна Лашкоска.
Лашкоска додаде дека деталните урбанистички планови се обврска на општините.
Меѓутоа министерството за транспорт и врски години наназад има фонд со кој што потпомага финансиски за изработка на детални урбанистички планови во руралните и помалите општини во Република Македонија. Сакам да замолиме со ова да реагираме и за транспорт и врски, затоа што Охрид е од исклучително значење за цела држава , а средствата кои се предвидени за финансирање на детални урбанистички планови за помалите општини и руралните општини да ги префрлиме за општина Охрид, појасни Лашкоска.