Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница на која се расправаше за францускиот предлог истакна дека со овој предлог велеправниците односно пратениците од владеачката коалиција решиле по секоја цена да ја погребаат Македонија.
-Македонски народе во овој момент на ова место кое некој го нарекуваат дом на народот и демократијата, една шака квинслинзи, велепрадавници решија да ја погребат илинденска и асномска Македонија. Да е трагедијата поголема Македонците кои ќе кренат рака за поддршка на овој предлог мизерно релативизирајќи за некаков европски сон под флоскулата „Моментот е сега“ се кажуваат наследници на антифашистичката комунистичка партија. Истата оваа клика со децении живее на грбот на граѓаните и ги ужива сите привилегии станови, куќи, високи позиции во општеството. Со овие флоскули сакаат да го измијат од македонскиот народ од пропаста на македонската држава. Надгробна плоча и ставаат на државата, наследните на партизаните, се превртуваат го гроб и партизаните и илинденците. Овие Јуди, овие Котевци за грс пари власт и моќ се спремни да кажат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, дека сите наши учебници ќе одат на ревизија во Бугарија и само ако тие одобрат вашите деца и вашите внуци ќе можат да учат и што да учат македонски народе дека Гоце Делчев е Бугарин , дека Крсте Петков Мисирков е Бугарин, плеада на дејци кој го дале својот живот се Бугари, дека младинците во Ваташа не ги убил бугарскиот фашистички окупатор, туку тоа било некоја улична пресметка, дека Бугарија не била окупатор туку администратор во Македонија, рече таа.
Таа во текот на своето обраќање посочи дека како Заев така и Ковачевски ја уништуваат државата.
-Протоколот го кријат, а зошто, затоа што бугарскиот политички памфлет полн со антимакедонизам, негаторски пристап, полон со уцени и закани од билатерален станува мултилатерален, станува европски проблем. Уцена до уцена. Стогодишниот сон на Бугарите ќе го остварите вие безсрамни квинслинзи, отворивте Пандорина кутија на чело со велепредавникот од Муртино и неговата маша Ковачевски и ја соголивте и уништивте државата, додаде таа.