Латас: Не може да зборуваме за влез во ЕУ, а да сме први по корупција во регионот

-Македонија има највисок степен на корупција во регионот, а корупцијата е основен проблем зошто не примаат во ЕУ. Тоа го кажа и американската амбасадорка. Уште пред да биде именувана, односно пред да дојде во Скопје, нејзината главна цел е да се влијае на намалување на корупција, на што имаат право, како наши најголеми промотери. Ако се борам за тебе по странски институции имам право да барам да исполниш услови да имам образ и аргумент да ги штитам твоите интереси, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5.

Латас нагласи дека во Америка ако државен службеник од висок ранг кој работи во нивното МВР, или во Германија, го фатат со 6 милиони евра корупција, кој издавал државен документ со меѓународно значење како пасош, целиот систем ќе падне и ќе се постават нови луѓе.

– Македонија има проблем со корупција и непотизам и тука не можеме да зборуваме за Европска Унија. Сите земји кои пропаднаа досега имале висок степен на корупција. Ние со Тиранската платформа и Шарената револуција ја изгубивме државата. Сега што се случува на тие кои ја спроведуваат Тиранската платформа, а тоа е ДУИ и тие кои правеа Шарена револуција за преземање на власт без победа на избори, им е сѐ дозволено, истакна тој.

Латас додаде дека сега гледаме како американска амбасадорка вели дека нејзината активност ќе биде во борба против корупција. – Како ќе се бориш со власт ако остане истата која е прва по корупција во регионот. Прво треба да се смени власт па после да зборуваме за борба против корупција, изјави тој.