
Латвија во понеделникот најави ново затворање кое ќе трае четири седмици од 21-ви октомври до 15-ти ноември за да се обиде за го забави ширењето на заразите со коронавирусот, во една од најмалку имунизираните земји во Европската унија.
„Латвија е бројот еден во светот според стапката на заразите“, изјави министерот за здравство Даниелс Павлутс за новинарите во петокот вечерта, по итниот состанок на владата.
Дуќаните, рестораните, училиштата и сите видови забава ќе бидат затворени. Отворени ќе бидат само неопходните услуги, додаде министерот. Според Павлутс, подоцна „локдаунот“ ќе биде ублажен само за целосно вакцинираните против Covid-19.
Според новите владини мерки, во споменатиот период од 20 до 5 часот ќе биде воведен полициски час. Во тој период на сите жители на Латвија, без разлика да ли се вакцинирани или не, ќе им биде забрането излегување од домовите, освен за навистина итни потреби. Училиштата ќе минат на онлај настава, освен за првите три одделенија од основното образование.
„За многумина можеби изгледа несфатливо зошто ние го имаме ова, а а во Данска и Ирска е поинаку. Причината е во тоа што процесот на вакцинација не се одвиваше со посакуваното ниво… Нашиот здравствен систем е доведен во опасност“, изјави премиерот Кришјанис Каринш, обвинувајќи ја нистката стапака на вакцинираност во земјата за растот на бројката нови зарази.
Во понеделникот Литванија беше на врвот во светот меѓу земјите со најголема инциденца на заразите со коронавирусот. Во текот на изминатата седмица, бројот на новите случаи на Covid-19 се зголеми за 49 отсто, стапката на кумулативната инциденца на 100.000 жители достигна 1.266,4, што е двојно повеќе од максимумот во минатиот епидиолошки бран. Литванија соопшто дека досега администрирала најмалку 3.309.016 дози од вакцините против Covid-19, конкретни показатели нема, но имајќи предвид дека за целосна имунизација се потребни две дози, тоа е доволно за вакцинирање на 59,4 отсто од популацијата.