Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со актуелниот италијански фудбалски шампион Интер до јуни 2026 година, објавија италијанските медиуми.
„Многу сум среќен што ќе бидам во Интер толку долго. Голема прегратка од мене и напред Интер. Се гледаме на стадионот“, порача 24-годишниот Мартинез.
Мартинез имаше клаузула за ослободување од обврските кон Интер од 111 милиони евра вклучена во неговиот договор, но според извештаите, таа е отстранета од неговиот нов договор, што значи дека секој клуб заинтересиран да го ангажира во иднина ќе треба да преговара за трансферна сума со шампионот во Серија А.
Според повеќе информации, Лаутаро Мартинез потпишал продолжување на договорот со Интер до 2026 година.
Играчот дојде во Интер во јули 2018 година од аргентискиот Расинг Клуб во трансфер кој чинеше 25 милиони евра.
Во 144 настапи за „Нераѕурите“ постигна 54 погодоци, досега сезонава во Серија А во девет настапи постигна пет гола. Летово сакаа да го ангажираат Тотенхем и Атлетико Мадрид.