Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на маргините на состанокот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Сингапур ги нарече смешни заклучоците на комитетот на САД за разузнавачки активности околу „мешањето“ на Русија во американските избори користејќи ги социјалните мрежи по принципот „помалку вести, повеќе мемо-пораки (смешни слики).
Едноставно ми е смешно кога слушам дека со смешни слики се прават обиди за поткопување на американската демократија. Тоа, според мене, е појава на некоја преголема параноја, некарактеристична за американските законодавци, предимензионирање на вакви сензации без причина, на празно место. Ние не ги измисливме социјалните мрежи и не инсистиравме тие да бидат отворени за секого, истакна Лавров.
Русија е обвинета дека се обидува да манипулира со мислењето на Американците преку смешни фотографии на интернет.