Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика во средата вечерта во етиопската престолнина Адис Абеба земјите во развој, особено африканските, да не го поддржуваат светот со кој управуваат САД предупредувајќи ги дека би можеле да бидат следните кои ќе се најдат на „удар на гневот“ на Вашингтон.
„Ние треба да ја донесеме одлуката дали сакаме свет во кој Западот… целосно е подреден на САД… и верува дека има право да решава како ќе ги спроведува своите сопствени интереси без почитување на меѓународните закони“, изјави Лавров.
Шефот на руската дипломатија им се обреди на дипломатите од бројни африкански земји во амбасадата на Руската Федерација во Етиопија, последната етапа од неговата африканска турнеја во текот на којашто ги посети и Египет, Уганда и ДР Конго.
Во текот на својата еднодневна посета на Адис Абеба, каде што е седиштето на Африканската унија, Лавров се сретна со етиопскиот колега Демеке Мекононе и со други високи функционери.
„Западот создаде систем кој се заснова на одредени принципи: пазарна економија, чесна конкурентност, неповредливост на приватната сопственост, презумпција на невоноста.. – сите овие начела сега се фрлени во канализацијата кога треба да се стор она што е потребно за да се казни Русија. И не се сомневам дека доколку биде потребно нема да се двоумат да ѝ го сторат истото тоа на која и да е земја којашто ги нервира на еден или друг начин“, рече Лавров.
Шефот на руската дипломатија нема состаноци со функционерите на Африканската унија, забележува агенцијата Reuters, повикувајќи се на официјален одговор дека до нив не дошло поради „некомпатибилност на агендите“.
Меѓутоа, швајцарската телевизија SRF во својот уреднички коментар наведе дека Русија „активно ги зајакнува своите позиции“ во Африка“, оценувајќи дека нејзиниот успех е „последица на грешките на западните земји“.
Во прилогот се додава дека особено се видливи грешките на САД коишто континентот долго време го третираат „од позиција на маќеа“. Претходниот американски претседател Доналд Трамп не покажувал ништо друго освен презир за Африка, а неговиот наследник Џо Бајден регионот, исто така, не го става меѓу своите приоритети, според истиот извор.
Западот, се додава во коментарот на SRF, очекува африканските земји да развиваат демократија, добро управува, владеење на правото и борба со корупцијата, додека африканските челници тоа го доживуваат како нарушување на суверенитетот на нивните земји.
„Покрај тоа, Африканците сѐ уште му се благодарни на поранешниот Советски сојуз за финансиската и воена поддршка во нивните војни за независност“, заклучува швајцарската телевизија.
Германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Zeitung пред африканската турнеја на Лавров коментираше дека Европа и САД ја обвинуваат Русија за наводно предизвикување на прехранбена криза, но дека бројни африкански земји за тоа ги обвинуваат западните санкции. Редица држави од Африка, Латинска Америка и Азија кон крајот на февруари на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк одбија да ја критикуваат Русија за нејзината инвазија во Украина, потсети весникот.
Самиот Лавров пред патувањето на африканскиот континент во интервју за телевизијата RT реле дека Русија и Африка имаат долгогодишни добри односи кои датираат уште од времето на СССР, а последните години Москва „активно ги обновува своите позиции на континентот, на што Африканците соодветно одговараат“.
„Русија ја цени балансираната позиција на Африканците во однос на она што се случува во Украина и околу неа“, истакна викендов Лавров пред неговото патување во Египет.