Русија во четвртокот ги повика Обединетите нации, кои посредуваа во договорот за извозот на украинските житарки од црноморските пристаништа, да помогне да се исполнат деловите од договорот кои се однесуваат на олеснувањето на извозот на руските прехранбени производи и земјоделски ѓубрива, кои се важни и за производството на храна во сиромашните земји.
Договорот истекнува на 19-ти ноември и Москва јасно даде до знаење дека не верува дека е сторени доволно за да може да ги извезува своите големи резерви храна и ѓубрива, од кои големи количества се блокирани во европските пристаништа, поради санкциите на финансиите, осигурувањето и транспортот на руските стоки од страна на Западот.
„Уште еднаш го повикавме генералниот секретар (на ОН, Анотнио Гутереш) и за тоа денеска детално разговарав со министерот (на Јордан) и неговите колеги, да се погрижат да ги исполни обврските што си ги презема, во согласност со неговата сопствена иницијатива“, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорите со јорданскиот колега Ајман Гусеин Абдал ал-Сафади.
Лавров додаде дека во најскора иднина треба да бидат преземени сериозни мерки во однос на рускиот дел од договорот за храната. Русија поради украинскиот напад со воздушни и подводни дронови врз воените и цивилните бродови во Севастопол од зоната на ткн Житен коридор, се повлече од договорот но во средата повторно се врати наведувајќи дека нема да го блокира извозот од Украина.
„И натаму не гледаме никакви резултати во поглед на вториот аспект: отстранувањето на препреките за извоз на руските ѓубрива и житарките“, рече Лавров и повтори дека ситуацијата мора да биде разрешена „во многу скорешна иднина“.
„Доколку зборуваме за количествата на ѓубрива и житарки за коишто станува збор, тие количества се неспоредливо поголеми отколку украинските“, рече Лавров.
Изрази и надеж дека земјите кои ги „задржуваат пречките“ на рутата на извозот на руските производи, исто така, ќе ја сфатат својата одговорност, како и оние кои ги поддржаа договорот.