Изјавата на НАТО за Украина создава искривена слика за случувањата таму, смета рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „РИА Новости“.
„Јас не знам зошто НАТО дава такви изјави, не знам зошто му е на г- дин Фог Расмусен да одговара на прашања како – може ли Русија да испрати војници во Украина? Не знам зошто такви прашања се поставуваат. Според мене тоа создава искривена слика“, изјавил тој за новинарите.
Според него слични сигнали „може да предизвикаат во воспалените мозоци неправилни разбирања за случувањата“.
Во соопштението на Алијансата за Украина се зборува за недопустливата употреба на сила од страна на полицијата, при растерување на демонстрациите и за потребата од дијалог.