Лавров: Москва ќе преземе мерки доколку САД не одговорат на безбедносните гаранции

Русија ќе ги преземе неопходните соодветни мерки доколку Западот не даде контруктивен одговор на иницијативите на Москва за безбедносни гаранции, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во обраќањето во Државната дума одговарајќи на пратеничките прашања.

„Доколку не следи конструктивен одговор и Западот продолжи со својот агресивен курс, тогаш Москва, како што постојани укажува претседателот (на Русија, Владимир Путин), ќе ги преземе неопходните мерки за одговор. Во секој случај, сите треба да појдат од фактот дека безбедноста на Русија и на нејзините граѓани е безусловен приоритет и таа ќе сигурно ќе биде осигурана под сите околности“, истакна Лавров.

Според него, САД ја увериле Русија дека ќе ги испратат своите одговори на барањата за постигнување правно обврзувачки договор за безбедносните прашања меѓу НАТО и Москва оваа седмица, но дека руската страна нема да дозволи Западот да ја претвори оваа иницијатива во бесконечни дискусии.

„Во зависност од содржината на овој одоговор, заедно со колегите од другите ресори ќе подготвиме предлози за претседдателит за натамошните чекори. Нема да дозволиме нашиот проект да се развлече во бескрајни дискусии, а таквата линија е јасно видливо, особено во обидите темата да биде префрлена во ОБСЕ или, пак, дали преку барањата на Европската унија да биде вклучена во разговорите… “, истакна Лавров.

Посочи дека на состанокот во Женева на 21-ви јануари, американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја уверил руската страна дека Вашингтон ќе ѝ ги испрати на Москва „уште оваа седмица писмено, член по член, одоговори коишто ќе ја објаснат позицијата на САД“ за конректните руски барања.

Лавров, исто така, рече дека Москва остро ќе ги запира обидите да биде прикажана како странса во конфликтот во Украина. Според негов, САД го туркаат Киев во директни провокации против Рисија, наместо да ги принудат украинските власти да ги почитуваа договорите од Минск за постигнување примирје со одметнатите доминатно руски и рускојазични источни региони.

„Сето тоа се прави за Западот да си осигури еднострана предност“ во преговорите, заклучи шефот на руската дипломатија.

На 17-ти декември 2021 година руското министерство за надворешни работи го објави нацрт-договорот за безбедносните гаранции кои Москва ги очекува од Вашингтон и НАТО. Два предлога, со САД и членките на Алијансата, подразбираат, меѓу другото, запирање на ширењето на НАТО на истокот, вклучително и одбивањето евентуални членство на Украина во покатот, како и воведување ограничувања за распоредување офанзивно оружје, особено нуклеарно во земјите во близина на руските граници. Од Вашингтон и Брисел ја отфрлија можноста за неприем на нови членки од земјите во опкружувањето на Русија, а изразија подготвеност за разговори за другите предлози особено за контролата на вооружувањето.