Лавров: Москва нема да посредува меѓу Индија и Кина

Русија нема да посредува меѓу Кина и Индија во конфликтот во спорното погранично подрачје на Хималаите, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој, по виртуелната средба со кинескиот и индискиот колега, рече дека на Пекинг и Њу Делхи не им е потребна помош однадвор за решавање на нивните спорови. – Никогаш немавме за цел да им помагаме на Индија и Кина да ги развиваат билатералните врски. Тие можат да се изборат и да решат секаков проблем во меѓусебните односи, рече Лавров пред новинарите.

Лавров денеска разговараше со министерот за надворешни работи на Кина Ванг Ји и шефот на индиската дипломатија Субрамаџам Џаишанкар.