Лавров од Каракас ги осуди американските санкции за Венецуела

Рискиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, чија земја го поддржува венецуелскиот претседател Николас Мадуро, ги осуди во петокот во текот на посетата на Каракас жестоките економски американски санкции санкции против Венецуела, како притоск за менување на власта во оваа латиноамериканска држава/

„Овие санкции се незаконски и се главниот фактор за кризата во којашто се наоѓа венецуелската економија“, рече Лавров по средбата со колегата Хорхе Ареаз во рамките на својата турнеја по Латинска Америка.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи политиката на Вашингтон кон Венецуела и воведе низа жестоки санкци за економијата на земјата. Меѓу тие мерки, САД во април 2019 година воведоа ембарго на извозот на нафта од Венецуела, која е земја со најголеми потврдени резерви на светот и која е нејзин главен извор на приходи, како и остри финансиски санкции за економскиот и финансискиот сектор. Трамп рече дека сака да го зголеми притисокот врз наследникот на Ухо Чеваз, кој ја водеше Венецуела од 1999 до 2013 година, и да придонесе за соборување на Николас Мадуро од власта.

Од друга страна, Русија и Кина, се сојзуници на Мадуро надвор од Латинска Американ.

Посетата на Лавров на Каракас дојде два дена откако Трамп го прими венецуелскиот опозициски челник Хуан Гуаидо во Белата куќа, а кој беше гостин и на неговото годишно обраќање до нацијата во Конгресот. Гуаидо по поттик на Вашингтон пред една година се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела а САД и педесетина земји нивни сојузници во светот го признаа.

Во четвртокто специјалниот американски претставник за Венецуела, Елиот Абрамс, навести дека САД можат да воведат којзна кои по ред санкции против Русија, поради нејзината поддршка за владата на Мадуро.

„Санкциите и обидите за примена на правосудството на една земја во некоја друга ги сметаме за неприофатливи“, одговори Лавров во петокот, без засега конркетно да ги споменува американските санкции.

Лавров во текот на посетата на Каракас се сретна и со перетседателот Мадуро по што изјави дека е договоренпо зголемување на економското партнертсво меѓу Русија и Венецуале и покрај санкциите на САД.

„Ги договоривме заедничките активност за продлабочувања на коодинацијата на меѓународната сцена, договоривме и развивање на активностите за зголемување на трговско-екомомската, инвестициската и хуманитарната соработка во услови на незаконските (американски) санкции“, изјави Лавров по средбата со венецуелскиот претседател Мадуро.

Претходно шефот на руската дипломатија рече дека Москва ја забележува „далекувидоста“ на венецуелските власти во намерата да повикаат што повеќе меѓународни нљабљудувачи за процесот на реформата на изборниот систем. Според Лавров, тоа ја потврдува подготвеноста на официјален Каракас да ги подджи приципите на демократијата.

„Многу позитивна и далекувида ја сметам подготвеноста и иницијативата на властите да се покана надворешни набљудувачи во процесот на реформата на изборниот систем“, рече Лавров на прес-конференцијата со венецуелскиот потпретседател Делси Родригез.

„Ова ја потврдува отвореноста на нашите венецуелски пријатели, отвореност кон целата меѓународна заедница, подготвеноста во практика вистински да ги поддржат демократските принципи во устројството на својата земја“, додаде Лавров.