Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на Советот за безбедност на ОН изјави дека Исламска држава ИД поседува компоненти за производство на оружје за масовно уништување.
Покрај ова предупредување, тој наведе дека групата што се залага за воведување на калифат во Ирак и Сирија треба да биде ставена на посебната листа терористички организации.
Во одредени делови на Ирак и Сирија ИД всушност креираше екстремистичка квази држава, со која раководи ефикасен и репресивен апарат, со стабилни приходи, добро опремени со војска која има компоненти за производство на оружје за масовно уништување, изјави Лавров, пренесува Б92.
Министерите на надворешните држави членки на СБ се состанаа во Њујорк за да разговараат за меѓународната безбедност со фокус врз Блискиот Исток и на Северна Африка.
Русија вчера ги изведе првите воздушни напади во Сирија и тоа насочени кон ИД, противниците на режимот на Башар ал Асад.
Како изгледаа воздушните напади на Русија врз Сирија проследете на следниот линк.