Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вторникот сугерираше дека Европската унија би требало финансиски да ја помогне Белорусија за да ги запре мигрантите од Блискиот исток и Северна Африка во нивните настојувања да ги минат нејзините источни надворшни граници.
Илјадници мигранти, меѓу кои многу жени и деца, пристигнаа во понеделникот на полско-белоруската граница. Дел од нив со алатки се обидуваа да ја урнат оградата и да ја пресечат бодликавата жица на границата која ја поставија полските власти за да влезат на полска територија, што претставува кулминација на повеќемесечната мигрантска криза која поттикна апели од балтичките земји западот да воведе нови санкции против Белорусија.
Белорускиот претседател Александр Лукашенко уште во мај ја предупреди ЕУ дека повеќе нема да ги запира на територијата на својата држава мигрантите кои сакаат да минат во ЕУ, откако Брисел воведе низа санкции против Белорусија поради наводно брутално справување со протестите против неговиот реизбор на должноста.
Брисел сега без никави докази го обвинува Лукашенко дека во Белорусија со авиони носи мигранти од Блискиот исток, а потоа дека ги упатува кон Западот „за да се одмазди за воведувањето на санкциите воведени поради кршењето на човековите права“.
Но истовремено во вторникот Лукашенко истакна дека е забележана активност на мафијашки структури од земји членки на ЕУ кои им го осигуруваат транспортот на бегалци на Блискиот исток во Белорусија ветувајќи им дека ќе ги префрлат во Полска или другите балтиски членки на Унијата и дека за тоа им се плаќа скапо.
„Не станува збор за сиромашни луѓе кои доаѓаат од таму. Ако се сиромашни, веќе им ги собрале парите. Ние целосно го следиме овој синџир. Оние кои ги фатија во Полска, мора да разјаснат кои се. Немаше Белоруси, само двајца Руси. А десетиците кои ги префрлаат луѓето се Германци и, во прв ред, Полјаци, како и Украинци и Литванци“, рече Лукашенко.
Според белоурскиот челник, во актуелната ситуација ангажирана е голема структура која има своите ќелии во Германија, Франција и други западни земји.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, пак, оцени дека ЕУ мора да биде конзистентна во начинот на третманот на третите држави ни коишто мигрантите пристигнуваат на нејзината територија.
Лавров алудираше на договорот меѓу ЕУ и Турција од 2016 година со кој Брисел на Анкара ѝ даде неколку милијарди евра за да го запре мигрантскиот пат на стотиците илјади мигранти кон Грција. Рускиот дипломат вели дека ЕУ сега би требало да го повтори со Белорусија.
„Државите од кои беглаците пристигнуваат во ЕУ треба да имаат ист третман“ изјави Лавров на заедничката прес-конференција со надбискупот Пол Галагер, министер за надворешни работи на Ватикан.
Кремљ претходно во вторникот изрази загриженост поради ситуацијата на полско-белоруската граница, и го пофали Минск поради одговорно однесувањето во мигрантската криза.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторникот рече дека Москва е во тесен контакт со Минск околу ова прашање, па ги повика сите страни да дејствуваат одговорно.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно во вторникот телефонски разговор со белорускиот колега Александр Лукашенко резговарале за мигрантската криза на границата и притоа истакнале дека се загрижени поради зголеменото присуство на полската армија на гранциата, извести белоруската службена новинска агенција Белта.