Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, денеска потенцираше дека Русија апсолутно нема намера да и нареди на својата армија да ја мине границата со Украина, а разликите меѓу Западот и Русија се се помали.
Тој појасни дека Русија ниту има намера ниту интерес да ја помине украинската граница, додавајќи дека неодамнешните контакти покажале дека наскоро би можела да уследи „можна заедничка иницијатива која би можела да биде претставена на украинските колеги“.
Претходно, Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му сугерирал на претседателот на САД, Барак Обама меѓународната заедница да ги разгледа заедничките мерки кои имаат за цел да се смири ситуацијата во Украина.
Белата куќа соопшти дека Путин во синоќешниот телефонски разговор со Обама побарал да се разгледа американскиот предлог за решавање на кризата во Украина.