Лавров: Русија се залага за сеопфатна истрага за падот на малезискиот авион

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се залага за сеопфатна, детална и независна истрага за причините за уривањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ над Украина во јули минатата година, јави ТАСС, пренесе МИА.

Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, Лавров на средба со неговиот холандски колега Берт Кундерс рекол дека Москва бара истрагата да биде спроведена во согласност со Резолуцијата 2166 на Советот за безбедност на ОН и со правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство.

По средбата со Лавров, Кундерс од своја страна изјави дека разговорите не биле едностави и дека меѓу соговорниците постоеле многу разлики.

– Сепак ќе продолжиме со разгледување на сите прашања (околу уривањето на авионот), изјави Кундерс.

Авионот „Боинг“ на авиокомпанијата „Малезија Елајнс“ со 298 патници и членови на екпиажот, се урна над источна Украина, за верме на летот од Амстердам до Куала Лумпур. Најголемиот број од патниците во авион беа холандски државјани.

Киев и западните земји ги обвинуваат проруските сепаратисити дека го собориле авионот со противвоздушна ракета, додека Москва вината ја префрла на украинската армија.