Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров истакна дека Украина би требало да почека „повеќе легитимна“ ситуација за да го потпише договорот за асоцијација со Европската унија.
Рускиот прв дипломат е зачуден од фактот дека Киев го потпиша политичкиот дел од договорот пред формирањето на новите органи на власта, како резултат на предвремените претседателски избори, што треба да се одржат на 25 мај, како и воведување на уставни реформи, пренесоа руските медиуми.
Според Лавров потпишувањето на сличен документ од сосема легитимни власти би било повеќе етички чекор.