Лавров жали поради ескалацијата на тензиите со САД, Москва ќе одговори „без хистерија“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот рекол дека жали поради ескалацијата на тензиите меѓу Москва и Вашингтон, кои ги покренаа САД протерувајќи десетици руски дипломати и затворајќи го рускиот конзулат во Сан Франциско, како и две дипломатски претставништва Вашингтон и Њујорк.

„Министерот жали поради ескалацијата на тензиите во билатералните односи, кои не ги покренавме ние“, изјави руската дипломатија во соопштението по телефонскиот разговор на нејзиниот шеф Сергеј Лавров со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Лавров во разговорот соопштил дека „Москва внимателно ќе ги проучи новите мерки кои ги најавија Американците, по што ќе ја објави нашата реакција“, се наведува во соопштението на Москва во коешто се истакнува дека телефонскиот разговор бил на американска иницијатива.

САД на Русија ѝ дадоа рок до саботата да го затвори својот конзулат во Сан Франциско, како и две дипломатски претставништва во Вашингтон и во Њујорк

Москва без „хистерични пориви“ ќе одговори на одлуката на американските власти да ги затвори руските дипломатски објекти, изјави во четвртокот вечерта новиот руски амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Во моментов мораме смирено да се соочиме (со ситуацијата). Траба мирно и професионално да се дејствува“, изјавил Антонов.

Во соопштението објавено во четвртокот американскиот Стејт дипартмент тврди дека сака да го прекине „маѓепсаниот круг“ кои постојано ги расипува односите меѓу САД и Русија и оти се надева дека неговата одлука нема да предизвика нови руски одмазнички мерки.

Новите американски санкции следеа откако Москва одговарајќи на протерувањето на стотината руски дипломати кон крајот на минатата 2016 година од страна на администрацијата претходниот американски претседател Барак Обама и затворање на два руски дипломатски центри кои се руска екстериторијалност како и на новите антируски санкции спроведени од американскиот Конгрес во јули годинава, одговори со свои барања.

Со одлуката на претседателот Владимир Путин како одговор на американските санкции, 755 дипломати и службеници, руски или американски до петокот мора да ги напуштат должностите во Русија. Американското дипломатско присуство може максимално да изнесува 455 лица, што е нивото на руското присуство во САД.

САД, исто така, до почетокот на август мораа да ги испразнат двете дипломатски згради за одмор и магацини во близина на Москва.